Најмалку 15 лица загинаа во израелски напади врз училишта во Газа

Од:

Најмалку 15 лица загинаа во израелските напади врз поранешните училишта во Газа, каде што беа лоцирани оперативните групи на Хамас, јавија палестинските медиуми.

Израелската војска (ИДФ) соопшти дека цел на воени авиони биле командните центри на оперативците на Хамас кои ги користеле училиштата Ал-Карама и Шабан во населбата Туфа за планирање и извршување напади врз израелските војници и цивили, објави „Тајмс оф Израел“.

Според извештаите, училиштата биле користени и како засолништа за палестинските бегалци.

Би можело да ве интересира

Десет членови на едно семејство, меѓу кои седум деца, загинаа во израелски напад во Газа

Израелските воени пилоти и рекоа на владата дека сакаат мир поради заложниците

Во израелскиот напад на градот Газа загина најмалку 23 лица

Ројтерс: Хезболах ќе преговара за разоружување доколку Израел се повлече од Либан

Израел е подготвен да се согласи на договор за ослободување на сите заложници

ВИДЕО: Светот се занимава со тарифите, Израел ја толчи Газа

Катерина Ѓуровски