Среда вечер во Франција е резервирана за дербито помеѓу Монако и Пари Сен Жермен. Дуелот меѓу првопласираните и второпласираните сам по себе носи многу, голема борбеност и остри стартови. Но, овој пат таа граница беше надмината. Дефанзивецот на Монако, Вилфред Синг, со копачка ја нагази главата на гостинскиот голман Џанлуиџи Донарума откако ја загуби топката. Италијанецот мораше да биде заменет бидејќи целиот беше исечен и крвав.
Gigio Donnarumma. BRUTAL. 😬 pic.twitter.com/4uiRbyPjpI
— António Mango (@AntonioMango4) December 18, 2024
Донарума се здоби со расекотина неколку сантиметри под десното око, иако се чини дека можеше да помине многу полошо. Донарума е член на Пари Сен Жермен од 2021 година, кога дојде од Милан.
Со репрезентацијата на Италија беше шампион на Европа во 2021 година и потоа беше избран за најдобар играч на турнирот.
Истата година е прогласен за најдобар голман на светот.