Полицијата извести дека вчера во 21.30 часот во СВР Скопје, 52-годишна жена од с.Бојане, скопско, пријавила дека на автобуска постојка во с.Сарај, скопско, нејзината малолетна ќерка била физички нападната со остар предмет.
Според пријавата, малолетничката е нападната од нејзиното поранешно момче Б.П. од с.Грчец, скопско.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.