Сахара Балкански мировен фестивал утре и задутре во Скопје

Од:

Во Скопје утре и заутре првпат ќе биде одржан Сахара Балкански мировен фестивал, кој се организира по повод одбележувањето на роденденот на Махатма Ганди и Меѓународниот ден против насилството.

Фестивалот ќе биде отворен утре попладне со факел на мирот што низ Скопје ќе го носат македонски јавни личности. Официјалното започнување ќе биде со полноќен настан на Камениот мост кој заедно со центарот на Скопје ќе бидат обоени во сино. На плоштадот „Македонија“ и на Камениот мос ќе настап индиски танќерски групи и деца од СОС Детското село.

На 2 октомври, во среда, ќе биде одржан добротворен мировен самит. Организаторите најавуваат присуство на околу педесетина светски лидери поранешни претседатели, премиери, министри, амбасадори, холивудски ѕвезди и претставници од балканските земји. Меѓу говорниците ќе биде и поранешниот британски премиер Тони Блер.

По повод фестивалот, во Скопје пристигна и сопственикот на Сахара групацијата, Субрата Рој.
Организацијата на фестивалот е спонзорирана од Сахара групацијата, под покровителство на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Синот на Субрата Рој на списокот на спорни гласачи

Емир Латифовиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Во случајот со Сахара груп, нема штета по државата

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Ставревски: Инвестицијата на „Сахара груп“ станува реалност

Емир Латифовиќ

МЗШВ ги презеде сите мерки при потпишување на договорот со „Сахара груп“

Емир Латифовиќ

Субрата Рој – Крај на приказната за големите инвестиции

Емир Латифовиќ

Султанот од Брунеи ќе го спасува Субрата Рој

Емир Латифовиќ