ВИДЕО: По четири дена спасена Италијанката која падна во пештера

Од:

Спелеологот Отавија Пиана од Бреша е спасена од пештерата Буено Фонтено, каде помина четири дена по несреќата што се случи минатата сабота. Таа ноќеска во 2 часот и 59 минути излезе од пештерата и со хеликоптер е пренесена пренесена во болница во Бергамо за проценка на нејзината здравствена состојба.

„Последната етапа од спасувањето беше завршена побрзо од очекуваното благодарение на превентивното отстранување на пречките и одлуката на лекарите да избегнат подолги застанувања“, велат од Алпската спасувачка служба, која ја водеше оваа сложена операција.

„Сега Отавија е во добри раце“, изјави Џорџо Пануцо, спелеолог и пријател на спасената жена. Тој во моментот на несреќата бил со неа и до самиот крај учествувал во спасувачката акција.

„Како што одминуваше повеќе време, таа стануваше се повеќе и повеќе уморна и болна, но чувствуваше дека спасот се приближува“, додаде Пануцо.

По падот, Отавија заглави повеќе од 500 метри под земја.

Повеќе од 100 спасувачи учествуваа во акцијата во планините во близина на градот Бергамо на северот на Италија. Според спасувачката служба, жената во саботата истражувала засега непознат дел од пештерата. Кога се спуштала во тесниот тунел, таа ја изгубила потпората и се лизнала неколку метри.

Местото на несреќата е на околу четири часа пешачење од влезот во пештерата. Спасувачите употребија експлозиви за да ги прошират некои особено тесни премини и да овозможат поминување на носилки.

Таа веќе еднаш беше заробена во истата пештера – во јули 2023 година – и беше спасена по два дена.

Би можело да ве интересира

Мелони се повлекува од функцијата претседател на Европските конзервативци и реформисти

Порција њоки кобна за 9-годишно девојче во Рим

А1он

ВИДЕО: Експлозија кај Фиренца, најмалку двајца мртви

Спасени 150 скијачи кои беа блокирани во ски-лифтови поради невреме

А1он

Во Италија уапсени припадници на неонацистичка „Дивизија Верволф“

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот