Над 35.000 мигранти годинава пристигнале во Велика Британија преку Ла Манш, што е за 20 отсто повеќе во однос на 2023 година, покажуваат најновите податоци на британското Министерство за внатрешни работи.
Бројот на мигранти кои дошле во Британија преку каналот Ла Манш минатата година изнесувал 29.437, а таа бројка е надмината на 25 октомври годинава, кога вкупниот број на мигранти од почетокот на оваа година достигна 29.578, соопшти министерството.
Министерството денеска соопшти дека 13.460 мигранти се депортирани од Велика Британија откако Лабуристичката партија на премиерот Кир Стармер победи на изборите во јули.