Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди островската држава Тонга во Полинезија, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 213 километри.
Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.