(ВИДЕО) Австралиските власти: Немаме податоци за зголемување на бројот на жртвите по ерупцијата во Тонга

Од:

Австралиските власти денеска објавија дека нивните првични извештаи сугерираат дека нема повеќе жртви на Тонга откако подводниот вулкан предизвика цунами, но додаде дека е направена значителна штета на патиштата и мостовите на островот во Тихиот Океан.

dobivaj vesti na viber

Подводниот вулкан во водите кај Тонга еруптираше во саботата, па беше издадено предупредување за цунами за неколку островски држави на Јужниот Пацифик, особено за Тонга и Американска Самоа, а брановите стигнаа и до Јапонија. Беше издадено предупредување за цунами и за западниот брег на САД и за Чиле, а американската држава Хаваи беше погодена од „мали поплави“.

„Во моментов, за среќа, немаме податоци за зголемување на бројот на жртвите, што е очигледно многу добра вест. Но, сè уште имаме многу ограничени информации кои доаѓаат од надворешните острови“, рече Зед Сесеља, министер за Пацифик, за Би-Би-Си.

Австралија испраќа авиони за да ја процени ситуацијата, додека пацифичките нации и хуманитарните агенции почнаа со напорите да помогнат. Новозеландските сили ќе учествуваат и во проценката на штетата во Тонга.

Комуникациите со Тонга во недела навечер се уште се прекинати. Од вулканот во петокот почнаа да излегуваат пареа, гас и пепел во висина од 20 километри. Погодената област е со дијаметар од 260 километри.

Би можело да ве интересира

НАСА: Ерупцијата на вулканот во Тонга посилна од бомбата фрлена на Хирошима

Ана Ололовска

Прекин на кабел ја отсече Тонга од остатокот од светот

Ана Ололовска

Во Тонга потврден прв случај на Ковид-19 од почетокот на пандемијата

Силен земјотрес го погоди архипелагот Тонга

Ана Ололовска

ВИДЕО: Циклонот Гита ја опустоши островската држава Тонга

Ана Ололовска

ВИДЕО: Тонга се подготвува за најсилниот циклон во историјата на државата

Наум Локоски