Кадиров: Руските сили го нападнаа Харков како одмазда за нападите со беспилотни летала врз Грозни

Од:

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека руските сили го нападнале украинскиот град Харков како одмазда за нападите со беспилотни летала врз Грозни.

Украинските сили открија проектил кој се движел кон регионот Харков. Проектилот паднал во близина на зградата, а во нападот е повредена 48-годишна жена.

Овој напад се случи како одмазда за нападите утринава врз Грозни, главниот град на Чеченија.

Кадиров тврди дека три дронови биле насочени кон Грозни. Според него, соборени се два летала, додека третиот „паднал на територијата“ на базата во која се наоѓа мобилната единица за специјални намени (ОМОН).

„Ќе мораме да прибегнеме кон попрецизни и поостри удари против секој обид за напад на нашите објекти. Во 12 часот руските воздушни сили извршија два ракетни напади со ракети Искандер врз објектот во Харков“ изјави Кадиров.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Во експлозија во Москва убиен еден од најважни руски генерали

Околу 700 украински војници се опколени во близина на градот Курахово во ДНР

Горан Наумовски

Келог: Војната во Украина ќе биде „решена во следните неколку месеци“

Медведев: Постои можност за понатамошна анексија на територии во Украина

Си-Ен-Ен: Украински командант сменет поради руското напредување кон Покровск

Зеленски: Русија распореди повеќе севернокорејски војници да го бранат Курск

Горан Наумовски