Поранешните рагбисти на француски Гренобл, Денис Кулсон, Лоик Џејмс и Крис Фарел се осудени на 40 години затвор за групното силување кое го извршиле во 2017 година.
Коулсон и Џејмс добија по 14 години затвор, додека Фарел доби 12 години зад решетки. Заедно со нив во затвор ќе биде и поранешниот репрезентативец на Ирска Рори Грајс. Тој доби четири години, од кои две години се условна казна.
Како што образложи судот, причина е фактот што тој не го спречил извршувањето на овој грозоморен чин.