ДУИ: Време е за враќање на мандатот кај граѓаните

Од:

„Актуелната Влада, која без сомнение го постигна највисокото ниво на скандали, неспособност, криминал и корупција во толку краток временски период, се претвори во симбол на неуспехот и недостигот на одговорност пред граѓаните на земјата. Блокадата на процесот на европска интеграција и нападот врз Охридскиот мировен договор, кој предизвика тензии во меѓуетничките односи, создадоа непредвидлива и опасна ситуација за внатрешната стабилност. Во овие околности, Северна Македонија се најде во центарот на вниманието на меѓународните организации, претворајќи се во еден од главните приоритети на Европската заедница за управување со кризи“ велат од опозициската ДУИ.

Оттаму посочуваат дека „оваа состојба јасно го потврдува неуспехот на оваа Влада да ги адресира клучните предизвици со кои се соочува земјата и итната потреба од промена на политичкиот курс“.

„ДУИ смета дека единствениот излез за спас на европската иднина на земјата е оваа Влада да отвори пат за враќање на мандатот кај граѓаните преку нови, предвремени избори. Граѓаните заслужуваат одговорна, способна и посветена Влада која ќе работи во нивен интерес и ќе ја води земјата напред на патот на развојот и европската интеграција. ДУИ останува посветена на својата заложба за заштита на интересите на граѓаните и обезбедување на подобра иднина за сите“ е партискиот став.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Скандалите и лицемерието на Шасивари немаат крај, Законот и Уставот не се прашање на компромис

ДУИ: Брвеница покажа дека гласот на албанските граѓани не може да се игнорира

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

ДУИ: Шасивари го одложува решението – 12 албански кандидати и во октомври ќе го полагаат правосудниот испит на македонски јазик

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче