Мицкоски – Лајчак: ЕУ да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски денеска се сретна со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ за Западeн Балкан и дијалогот Белград – Приштина, со кого, како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, разговарале за стратешките аспирации на земјава и потребата Европската Унија да се заложи поинтензивно за забрзување на интегративните процеси кои пречесто се оптоварени со билатерални пречки и спорови.

– Ја истакнав заложбата на Македонија за напредок на тој план како и нашите позиции во однос на надминување на пречките со источниот сосед. Македонија заслужува да биде член на европското семејство, напиша Мицкоски на својот официјален фејсбук профил.

Лајчак денеска учествуваше на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Северна Македонија (НКЕУ-МК), што се одржа во Собранието, каде порача дека членството во ЕУ е најдобрата опција, како за Северна Македонија, така и за регионот во овој момент на нов геополитички контекст.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е повеќе од партија, ВМРО-ДПМНЕ е најголемиот македонски политички бренд

Горан Наумовски

Премиерот за Преспанскиот договор: Ветувањата останаа неисполнети

Мицкоски: Во петок и во сабота средби со коалициските партнери од ВРЕДИ и ЗНАМ за најавената владина реконструкција

Горан Наумовски

Левица: Премиерот Мицкоски аплаудира додека државните домови пропаѓаат, а приватниот бизнис профитира

Горан Наумовски

Од следната недела значително намалување на цените на бензините, очекува Мицкоски

Мицкоски: За разлика од кај нас, опозицијата во Украина и Молдавија не работи против државните интереси