Спиропали – Ахмети: Во фокусот унапредување на правата на Албанците во Северна Македонија

Од:

Лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска во Тирана остварил средба со претседателката на Aлбанскиот парламент, Елиса Спиропали, на која разговарале за унапредување на правата на Албанците во Северна Македонија, за кои истакнале дека „се и треба да бидат неповратни“.

– На средбата се разговараше за конструктивен ангажман на албанските политички субјекти и Албанците во пријателската и соседна земја, за изградба на општество и целосно демократска земја, со социјална кохезија и еднаквост за сите граѓани, напиша Спиропали во објава на социјалните мрежи.

Дел од дискусијата, како што се посочува, била и „заложбата на албанскиот фактор за забрзување на членството на Северна Македонија во Европската Унија“.

Би можело да ве интересира

По 24 години, Ахмети првпат го постави државното знаме во својата канцеларија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Непријателите на Албанија ги иницирале протестите вели Ахмети, ги спомна Грција и Белград

Катерина Ѓуровски

ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

Ахмети: Кој го допира албанскиот јазик, го допира самиот основ на државата

Вреди: Груби брза кон целосно соборување на Али Ахмети