Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Од:

Највисокиот воен командант на САД во Пацификот, адмирал Самуел Папаро, изјави дека Русија постигнала договор со Северна Кореја да испрати борбени авиони МиГ-29 и Су-27 во Пјонгјанг во замена за испраќање севернокорејски трупи во Украина.

Папаро рече дека Русија и нуди на Северна Кореја „импресивни борбени авиони од раната четврта генерација“, но тој не го прецизираше бројот на борбени авиони во прашање, пишува порталот European Times.

За возврат, Пјонгјанг веќе испрати околу 12.000 војници да се борат заедно со руските војници во Украина. Папаро нагласи дека воената помош била понудена доброволно од Северна Кореја, без стимулации од Москва.

Пјонгјанг би можел да таргетира напредни воени технологии, вклучувајќи возила за испорака на балистички ракети, модерни подморници и напредни системи за противвоздушна одбрана, што би ја подобрило воената положба на Северна Кореја во регионот.

Би можело да ве интересира

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

(ВИДЕО) Русија: Со АТАКМС ја нападна нашата воздухопловна база, има штета и ранети, ќе возвратиме

Бајден сака построги санкции за Русија

САД: Русија би можела да ја употреби својата нова смртоносна балистичка ракета со среден дострел Орешник против Украина „во наредните денови“

(ВИДЕО) Украинците тврдат дека го погодиле „авионот за судниот ден“ на Путин

Русија: Го транспортиравме Асад на најбезбеден начин