Кога ќе се решите на Mercedes-Benz SLS AMG да му „додадете“ Supercharger, односно компресор, тогаш дефинитивно конзумирате од вистинскиот воздух.
Благодарение на компресорот, сега SLS AMG развива 770 коњски сили и 845 Nm вртежен момент – тоа е зголемување од 200 коњски сили и 195 Nm!
SLS AMG Kleemann забрзува до 100 километри на час за 3.3 секунди и продолжува да влече се до 356 километри на час.