Објавена е нова анкета за претседателските избори во Хрватска

Од:

Пред почетокот на официјалната кампања за претседателските избори, РТЛ ги објави резултатите од истражувањето за поддршка на кандидатите.

Помалку поддршка имаат Аурора Вајс, Нико Токиќ Картело, Антон Филиќ, а последен е Дражен Келеминец.

12 проценти се неопределени и секако можат да влијаат на исходот, па дури и, барем теоретски, кој оди во 2 круг.

Милановиќ имал најголема поддршка во ноември – 38,3 отсто, сега има пад од речиси 1 процентен поен. И Приморац паѓа за 0,5. Благ пораст има Селак Распудиќ, а најголем Ивана Кекин – 1,6 отсто.

Очекувано, Милановиќ е поддржан од мнозинството гласачи на СДП – околу 85 отсто, а Приморац од 70 отсто од гласачите на ХДЗ.

Според овие резултати, Милановиќ и Приморац ќе влезат во вториот круг со следните резултати: речиси 55 отсто за актуелниот претседател (54,9), и 28,9 отсто за кандидатот на ХДЗ.

Анкетата за РТЛ ја спроведе Промоција плус од 2 до 5 декември, на примерок од 1.300 испитаници со стандардна грешка на примерокот од +/- 2,7 отсто и веродостојност од 95 отсто.

Би можело да ве интересира

Контроверзниот хрватски пејач Томпсон продаде невројатни 280 илјади билети за концертот во Загреб

Српската полиција објави фотографии од осомничените за нападот на студенти во Нови Сад

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

Додик: Единствено решение за БиХ е или нов договор или разделба

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ