Механичарите кои требало да го отстранат проблемот со вратите во една подземна железница во метрото во Мадрид, се изненадиле кога во механизмот нашле паричник.
Изненадувањето било уште поголемо, кога во паричникот покрај возачката дозвола, пронашле и чек од два милиони долари.
– Кога го извадивме чекот, не можевме да се соземеме. Неколку пати ги броевме нулите – велат возбудените работници.
Чекот го предале во полицијата, која го бара милионерот.