Лавров: Постои опасност студената војна да се претвори во жешка фаза

Од:

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека постои можност студената војна во светот да влезе во жешка фаза.

Лавров тврди дека САД и нивните сојузници ги прекршиле сите договори склучени во осумдесеттите години на минатиот век во областа на контролата на оружјето.

„Прашањето е – зошто? Одговорот ни е очигледен – поради желбата да се врати НАТО на политичко прво место. По авганистанскиот срам, потребен беше нов непријател на обединувањето. Резултатот е реинкарнација на Студената војна, само сега со многу поголем ризик тоа да се претвори во жешка фаза“, рече Лавров на Советот на министри за надворешни работи на ОБСЕ, пренесува „Известија“.

Би можело да ве интересира

Лавров: Русија го поздравува ставот на Трамп дека приближувањето на Украина со НАТО е проблем

Русија прави своја верзија на Евросонг

А1он

Калас: ЕК ги постави правните основи за формирање на Трибунал за војната во Украина

Украина ја нападна Русија, на удар беше клучен енергетски капацитети

Русија собори пет украински беспилотни летала

А1он

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија