Лавров: Русија го поздравува ставот на Трамп дека приближувањето на Украина со НАТО е проблем

Од:

Русија ја поздравува позицијата на американскиот претседател Доналд Трамп дека приближувањето на Украина со НАТО претставува проблем за Москва, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

„Во еден од неговите први говори, претседателот Трамп, критикувајќи ја позицијата на администрацијата (поранешниот американски претседател Џо) Бајден за украинската криза, отворено рече дека една од главните грешки е вовлекувањето на Украина во НАТО“, рече Лавров.

Лавров истакна дека ова е првпат „проблемот на НАТО“ да биде нешто за кое САД се подготвени да разговараат, пренесува РИА Новости.

Трамп во јануари рече дека ја разбира позицијата на Русија дека Украина не треба да биде дел од НАТО и го обвини Бајден за наводно менување на американската позиција за членството на Украина во НАТО.

Би можело да ве интересира

Макрон: Санкциите кон Русија и кредитот за Украина се силен сигнал до Москва

Трамп: Го уништивме Иран, нема потреба да користиме нуклеарно оружје

Поранешен аналитичар на ЦИА тврди: Американската војска треба да одбие да го слуша Трамп

Трамп: Примирјето меѓу Израел и Хезболах продолжено за три недели

Трамп со јасна порака: Времето истекува за Иран

Грушко: Западните земји вежбаат сценарија за блокада и заземање на Калининград