Патот Маврово-Галичник уште е непрооден

Од:

Патот до село Дуф во Општина Маврово – Ростуше е прооден, а екипата за расчистување е се уште на терен за довршувањето на работата. Во текот на неделава ќе се расчистува патниот правец Маврово – Галичник, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

– Регионалниот ЦУК Тетово известува по добиената информација дека патот Маврово – Галичник од 3 декември 2024 се уште не е прооден, било веднаш стапено во контакт со „Македонијапат“, пункт Маврово од каде известиле дека ќе прават договор со трети лица и ќе преземаат активности за расчистување на тој пат во текот на неделата, соопшти ЦУК.

Во изминатото деноноќие имало 1 679 повици на бројот за итни случаи 112 во ЦУК. Од нив „реални“ биле 54,62 отсто, а 45,38 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Кон полиција биле упатени 70,20 отсто, кон итната медицинска помош 22,52 отсто, а кон пожарникарите 3,31 отсто.

Би можело да ве интересира

Слаб снег провејува во Пoпова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово

Горан Наумовски

Конвој од 25 возила со мали деца и трудници уште е заглавен на патот од Леуново кон Бунец

Катерина Ѓуровски

Поради снег непрооден патот кон Танушевци, Брест и Малино

Патот Кратово – Пробиштип непрооден за камиони поради наноси од снег

Катерина Ѓуровски

Полицајци пронашле рачни бомби поставени на планинарска патека

Горан Наумовски

Ослободено мече кое било заглавено на дрво во Маврови Анови

Горан Наумовски