Филипче: Темелна вредност на социјалдемократијата е грижата за сите

Од:

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска по повод Денот на лицата со попреченост порача дека секој граѓанин заслужува шанса да ги оствари своите потенцијали и да биде активен дел од општеството.

„Секој човек, без разлика на својата попреченост, има право на еднакви можности и достоинствен живот. Денес, на Меѓународниот ден на лицата со попреченост, ја нагласувам потребата да ги гледаме можностите, а не ограничувањата. Секој граѓанин заслужува шанса да ги оствари своите потенцијали и да биде активен дел од општеството. Основаната темелна вредност на социјалдемократијата е грижата за сите. Посветеноста кон лицата со попреченост е вредност која ја градиме и негуваме. Во изминатите седум години обезбедивме образовни асистенти, ја зголемивме поддршката за семејствата и создадовме услови за нивна поголема инклузија. Но, најважно е секој од нас, како поединец и како заедница, секојдневно да вложува грижа, разбирање и почит. Потенцијалот на лицата со попреченост е бескраен. Наша должност е да ги поддржуваме и охрабруваме нивните напори, не само денес, туку секој ден. Само така ќе создадеме општество во кое секој има еднаква шанса за успех и достоинствен живот“, посочи Филипче.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

ВИДЕО: Мицкоски е лажго, идентитет е најсилен кога е дел од Европа, а не кога е затворен во изолација и сиромаштија, вели Филипче

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче се без концепт

Филипче по одлуката на Цеков: Тендер-коалицијата почнува да се распаѓа!