Асад: Сирија ќе го почитува договорот од ОН за хемиското оружје

Од:

Сирискиот претседател Башар ал-Асад денеска изјави дека неговата земја ќе го почитува договорот постигнат во ОН за хемиското оружје, соопштија британските медиуми.

-Ние се приклучивме кон меѓународната спогодба против стекнување и употреба на хемиско оружје, уште пред резолуцијата да биде усвоена, изјави Асад за италијанската телевизија „Раи њуз 24“, откако беше запрашан дали Сирија ќе се сообрази со резолуцијата на СБ на ОН, што беше изгласаната во петокот во Њујорк.

„Централниот дел од неа се темелеи на тоа што самите ние го сакаме. Така што не станува збор за резолуцијата, туку всушност тоа е нашата намера, изјави тој.

Резолуцијата бара да се уништи сириското хемиско оружје, но не соддржи закана за автоматски казнени дејствија против Дамаск доколку владата на Асад не се сообрази со неа.

-Во 2003 година Советиот за безбедност на ОН на целиот овој регион му предложи да се ослободи од ова оружје и Блискиот исток да се прогласи за регион ослободен од хемиско оружје. Затоа е јасно дека треба да ги почитуваме овие услови, тоа е дел од нашата историја. Ние треба да ги почитуваме сите договори, што ги потпишуваме, рече Асад.

Би можело да ве интересира

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија

Серија израелски напади врз Сирија, најмалку пет лица загинаа, 19 се ранети

Избегнат руско-американски инцидент во Сирија