Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска во врска со изјавите на германскиот канцелар Олаф Шолц дека поддршката на Западот за Киев нема да ослабне, дека Европа останува посветена на „деструктивната линија на продолжување на војната“.
Тој рече дека Европа продолжува со стратегија која, како што рече, „ја провоцира и продлабочува војната“.
Кога американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави нов пакет воена помош за Украина во износ од 725 милиони долари, кој вклучува и противпешадиски мини, Песков рече дека САД „долеваат масло на огнот“ и се обидуваат да го насочат текот на војната во Украина кон продолжување на конфликтот.