На Родос, кој претрпе голем удар поради налетот на невремето Бора, во понеделник навечер повторно беше испратена предупредувачка порака за граѓаните да ги избегнат непотребни излегувања од дома.
Rhodes devastated by Storm Bora! 💔 Unprecedented rainfall caused major road damage, triggering a traffic ban. More rain expected. Stay safe, Rhodes! #Rhodes #Greece #StormBora #flooding @SouthAegeanRegion pic.twitter.com/fr2hsHIsh7
— Greek City Times (@greekcitytimes) December 1, 2024
Противпожарната служба и општина Родос остануваат на подготвеност за справување со проблемите предизвикани од невремето Бора. Како што е најавено, наскоро ќе започне процесот на евидентирање на штетата.
На Лимнос не врне дожд во последните неколку часа, а жителите на островот се обидуваат да спасат што можат по разорните поплави.
Вонредна состојба за Родос и Лимнос прогласи генералниот секретар на Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на барање на градоначалникот. Вонредна состојба е прогласена на Лимнос во општинските единици Мирина, Атики и Неа Кутали. Сите училишта низ островот остануваат затворени.
Поради силните ветрови и врнежи од дожд оштетени се многу инфраструктури, куќи и патишта. Големи количини на врнежи се забележани на Халкидики поради лошото време. Патиштата се претворија во реки, поплавени се бројни куќи и продавници, а некои места патиштата се целосно покриени со кал.
Главниот пат на Ситонија на повеќе места беше непристапен поради одрони и дрвја кои паднаа на коловозот. Околу 200 куќи се поплавени во Торони, додека противпожарната служба во текот на претходната ноќ спасила 17 лица. Во меѓувреме, мост во близина на Торони се урна поради што сообраќајот беше запрен и возачите мораа да го заобиколат полуостровот.
Маж чиј идентитет не е соопштен починал во Ситонија, Халкидики, откако неговиот автомобил влетал во канал и таму останал беспомошен со часови, а на крајот умрел од хипотермија, јавуваат грчките медиуми.