Вучиќ: Србија која е за труд секогаш ќе ги победува оние што се за граѓанска војна

Од:

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави дека никогаш нема да можат да и ја одземат слободата на Србија и дека Србија која е за труд секогаш ќе ги победува оние што се за граѓанска војна.

Во видеото објавено на Инстаграм, Вучиќ изјави дека е навикнат на секакви навреди, клевети, лаги, глупости и дека лажењето за неговото семејство е дел од работата, како и дека нема ништо што тие не кажале.

„И синоќа, на една од, како што би рекле многумина, антисрпските телевизии или телевизии кои припаѓаат на криминални кругови, како претседател навистина не сакам да го кажам тоа на тој начин, зборуваа дека сум ненормален, манијак, будала… Дека би се откажал од сопственото семејство за да се спасам и уште десетици такви навреди, вклучително и дека сум болен…“, навел Вучиќ.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Србија нема да се случи „македонско сценарио“

Горан Наумовски

Протести во Нови Сад и Белград, блокирани се неколку факултети

ВИДЕО: Лишен од слобода малолетникот што ја откорна таблата од Конзулатот на Република Србија во Куманово

Опозицијата повторно ја блокираше зградата на судот во Нови Сад

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Вучевиќ: Опозицијата насилно се обидува да го блокира Собранието, нема да ја спречи Србија