ВИДЕО: Штипјани маршираа под слоганот „Тргни кон здраво срце“

Од:

Стотина граѓани од Штип утринава ја искористија можноста да извршат бесплатен превентивен преглед на пунктовите што беа поставени во паркот кај месноста „Суитлак“ и да бидат дел од кросот што го организираше Институтот за јавно здравје по повод одбележувањето на 29-ти септември, Светскиот ден на срцето.

„Во состав на акцијата што ја организира Институтот за јавно здравје по повод Светскиот ден на здравјето и ние како Центар за јавно здравје- Штип организираме бесплатни превентивни прегледи со тоа што на граѓаните им мериме шеќер во крвта, холестерол во крвта, крвен притисок. Граѓаните најчесто поставуваат и прашања за начините на кои можат да го зачуваат своето здравје“, изјави директорот на Центарот за јавно здравје-Штип, Велик Грков.

Според Грков, целта на акција „Тргни кон здраво срце“, која се спроведе уште во неколку градови низ Македонија, е подигање на свеста кај популацијата дека правилниот начин на исхрана, физичката активност, како и редовните прегледи се вистинското решение за намалување на ризиците од појава на кардиоваскуларни болести и нивните последици.

Акцијата доби поддршка и од Општина Штип, која непосредно пред стартот на кросот организираше и марш во знакот на солидарноста и поддршката на милион жени и семејства што се погодени од гинеколошките канцери, како дел од глобалната акција на Глобатон –„Прошетка во знак на борбата против рак кај жените“, која се спроведе во повеќе земји во светот.

„Општината може директно да помогне во превенцијата од кардиоваскуларните заболувања на тој начин што ќе ги намали стресовите на граѓаните и ќе ги направи среќни преку изградба на нови пешачки зони, паркови и спортски игралишта, каде што граѓаните ќе се рекреираат и ќе научат да водат поздрав живот“, изјави градоначалникот на општина Штип, Илчо Захариев.

Смртноста од кардиоваскуларни болести во Македонија е во постојан пораст, за што говорат и податоците на Државниот завод за статистика, според кои во 2012 година од болести на кардиоваскуларниот систем починале 11.926 граѓани,што е 60% од вкупната смртност во Република Македонија.

М.Р.

 

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“