Заменик министерот за земјоделство, Зоран Коњановски денеска се сретна со тутунопроизводителите во Прилеп, со вработените во подрачната единица на министерството и со раководството на Тутунскиот комбинат пред почетокот на раниот откуп на тутунот во кутии, кој почнува од први октоврми.
Според Коњановски, целта на средбата, посебно со произовдителите е да слушне како се подготвени за раниот откуп на тутунот.
– Ова е моја редовна посета пред почетокот на раниот откуп на тутунот да видам како се сите подготвени за почетокот на кампањата. Очекувањата се годинава да се преземат вкупно околу 30.000 тони од годинашнава реколта што е повеќе од лани кога се откупија 27.000 тони тутун. Околу 42.000 договори се скучени на ниво на држава меѓу откупувачите и оние кои произведуваат тутун, изјави Коњановски.
Според заменик мнистерот, во Македонија расте интересот за тутунопроизводство, а државата континуирано го субвенционира.
– Интересот за тутунопроизводството расте со оглед на тоа дека имаме стабилен откуп, имаме здрави претпријатија кои откупуваат, редовна исплата, но имаме и редовни субвенции кои ги дава Владата. На тутунарите им кажав дека согласно петгодишната владина програма, субвениционирањето на Владата на тутунопроизводството ќе продолжи и понатаму, рече Коњановски.
За Коњановски ова е битен сектор, производството и прометот на тутун и тутунски преработки, зашто во бруто домашниот производ учествува со 3,2 проценти.
Во раниот откуп на тутунот, кој почнува од 1-ви октомври и ќе трае до крајот на месецот, планирано е да се откупат од 6000 до 8000 тони тутун.
– Очекуваме тутунот, кој ќе биде донесен за откуп да биде квалитетен и да има добра цена, изјави Коњановски.
Од разговорите со тутунарите и откупувачите, договорено е да се постигне повисока просечна откупна цена и тоа од сортите „Прилеп“ и „Јака“ и се очекува да биде повисока од 4 до 8 проценти од ланската, која беше нешто над 180 денари за еден килограм. За Министерството е најбитно двете страни да се задоволни, да има добар откуп, добар род, рече Коњановски.
Од десетте регистрирани откупувачи во земјава, пет компании ќе преземаат во раниот откуп.
Коњановски со одговор на прашањето што очекува утре кока на седница на Парламентот ќе се најде владиниот предлог- закон за претворање на јавниот долг на комбинатот во траен влог на државата.
– Очекуваме овој добар прелог на Владата да биде прифатен од Собранието и тутунскиот комбинат да застане на здрави нозе, со јак партнер, кој во иднина многу ќе значи за Тутунскиот комбинат, вработените но и за производителите, рече Коњановски.
Според Данчо Милевски претседател на Сојузот на тутунските здруженија, реколтата тутун е квалитетна и се очекува повисока откупна цена.
– Очекуваме просечната цена да достигне 195, па и 200 денари за килограм тутун. Инаку, Македонија во регионот во моментов е најдобро позиционирана во поглед на тутунопризводството зашто има највисоки субвенции од државата која го поддржува, вели Милески.
Како што изјави Александар Спиркоски, директор на ДООел Тутун при комбинатот, прилепскиот тутунски комбинат е подготвен за раниот откуп на тутунот од први октомври. Не се очекуваат никакви проблеми, ќе има навремена исплата и треба сега да се откупат од 500 до 700 тони тутун.