ВИДЕО: Сириски и руски авиони ги бомбардираат позициите на бунтовниците во Алепо и Идлиб

Од:

Сириски и руски воени авиони гаѓаа позиции што ги држат бунтовниците во Алепо и Идлиб, а нападот беше извршен во саботата наутро, пишува Ројтерс, повикувајќи се на воени извори.

Како што пишува оваа агенција, рано утринава авионите на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад заедно со сојузниците од Русија ги гаѓале предградијата на Алепо, како и делови од Идлиб.

Овој напад е своевиден одговор на режимските сили на напредокот на бунтовниците, кои во последните неколку дена освоија голем дел од територијата, особено околу Алепо, вториот по големина град во Сирија.

Се уште нема целосни информации дали има жртви, а познато е дека во Идлиб, освен приватни куќи, цел биле и бензинска пумпа и училиште.

Последните информации од Алепо велат дека бунтовниците во својата офанзива освоиле огромен дел од градот, а повеќе од половина бил освоен без испукан истрел, бидејќи сириските и руските сили во градот се повлекле во паника.

Во Сирија, граѓанската војна трае од 2011 година, иако од 2020 година конфликтот практично е „замрзнат“ во поголемиот дел од земјата, односно немаше никакви позначајни операции.

Меѓутоа, во средината на ноември, бунтовничките сили, предводени од групата Хајат Тахрир ал-Шам, започнаа ненадејна офанзива, со главен фокус на Алепо.

Нападот ги изненади режимските сили лојални на претседателот Ал Асад, кои се повлекоа откако руската армија, стационирана во Сирија, не ја даде поддршката што ја очекуваа.

Сепак, владините сили од Дамаск, по завршувањето на пробивањето на бунтовниците во Алепо, најавија „голема контраофанзива“ во која ќе учествуваат и руски војници.

Би можело да ве интересира

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“

(ВИДЕО) Уживаа во базенот на покривот од зградата, а потоа наеднаш бранови: Паника за време на земјотресот во Бангкок

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Експлодира лимузината на Путин

Уште еден силен земјотрес, бројот на загинати надмина илјада

ВИДЕО: Снимен моментот на земјотресот во породилиште во Мјанмар

Дали САД се подготвуваат да го нападнат Иран: Сателитските снимки покажуваат групација на стелт бомбардери Б-2

Предраг Петровиќ