Британските разузнавачи за руското влијание: Нашата безбедност е загрозена

Од:

Британските тајни служби открија „неверојатно непромислена кампања на руска саботажа во Европа“, која доаѓа додека Русија прибегнува кон закани со нуклеарно оружје за да ги одврати другите земји од поддршката на Украина, изјави денеска Ричард Мур.

Шефот на британската тајна разузнавачка служба МИ6, Ричард Мур, во говор во Париз изјави дека доколку рускиот претседател Владимир Путин успее да ја сведе Украина на вазална држава, нема да застане тука, пренесе Ројтерс.

„Нашата безбедност во Британија, Франција, Европа и на трансатлантско ниво ќе биде загрозена“, предупреди Мур.

Според него, британските тајни служби откриле шокантно непромислена кампања на руска саботажа во Европа, додека Путин и неговите следбеници штракаат со нуклеарно оружје за да сеат страв од последиците од давање помош на Украина.

Мур додаде дека трошоците за обезбедување поддршка на Украина се добро познати, но предупреди дека трошоците за тоа да не се направат ќе бидат неизмерно повисоки.

„Доколку Путин успее, Кина би ги искористила последиците, Северна Кореја би се охрабрила, а Иран би станал уште поопасен“, заклучи шефот на МИ6.

„Ако му се дозволи на Путин да ја сведе Украина на вазална држава, тој нема да застане тука“, рече Мур. „Нашата безбедност – британска, француска, европска и трансатлантска – би била загрозена.

Мур, исто така, ја нагласи важноста од континуираната поддршка на Западот за Киев, иако новиот американски претседател Доналд Трамп рече дека ќе стави крај на конфликтот.

„Фајненшл тајмс“ оценува дека заедничкото појавување на двајцата шефови на разузнавањето, односно излегувањето на шпионите од сенка, е показател дека Западот стравува дека меѓународниот светски поредок се менува.

Би можело да ве интересира

Уништена „Црна вдовица“

Предраг Петровиќ

Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

ВИДЕО: Голем пожар во складише за нафта во областа Ростов по украински напад со дронови

ВИДЕО: Нов напад на Киев, остатоци од руски дрон паднаа на детска клиника

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели