Славески: Се соочуваме со големи опструкции од страна на градоначалник и администрацијата на Град Скопје

Од:

Сакам да ја известам македонската јавност за тоа дека се соочуваме со големи опструкции од страна на градоначалник и администрацијата на Град Скопје, при носењето и извршувањето на одлуки, изјави Трајко Славески, претседател на Совет на Град Скопје.

-По иницијатива на Град Скопје и мислење на градоначалник по пет часовна расправа, продуктивна, сега знаете секогаш може да има и поинакви дискусии, беше усвоен заклучок со гласање од страна на мнозинството членови на Совет со кој што се задолжи градоначалник да изврши измени во одлуката за исплата на надоместокот за изминат километар, тарифата за изминат километар на приватните превозници.

Факт е дека во меѓувреме од 2017 година многу работи се променети и нивните барања се секако оправдани. Во моментот на гласањето некаде околу една минута, јас ја молев службата да ги изброи гласовите, стоеја советниците тоа може да се види од снимката со дигнати раце и тие имаа забрана да ги бројат гласовите. Мислам тоа може многу лесно да се провери. Не остана ништо друго, туку јас самиот да избројам. Во меѓувреме нели советниците од СДСМ кажаа дека нема да прават кворум, ќе го растурат кворумот неуспеаа во тоа, може и тоа да се провери да се изброи, така што донесена е одлуката.

Јас тука чекам во мојот кабинет, во мојата канцеларија во Советот на Град Скопје од 17:00 часот, еве сега помина 19:30 часот, да ми се донесе на потпис заклучокот за да го проследам официјално до градоначалникот Арсовска. Уште една опструкција до овој момент, заклучокот не е донесен, јас ќе продолжам да чекам затоа што мислам дека тоа ми е обврска. За ова сакав да ве известам, решен е се надевам еден проблем од страна на советниците, сега треба да постапува градоначалникот Арсовска – рече Славески.

Би можело да ве интересира

Совет на Град Скопје: Арсовска да достави измени на одлуката за вредноста на надоместокот во линискиот превоз на патници

Славески: Арсовска треба да сноси одговорност, врши диверзија во јавниот градски превоз

А1он

Арсовска: Мицкоски ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз

Славески: Арсовска е на потег, приватните превозници бараат зголемување на цена на услуги преку член во Советот на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Данела Арсовска нема да се кандидира за втор мандат