Килијан Мбапе игра слабо на стартот од оваа сезона, а легендарниот француски интернационалец Емануел Петит тврди дека 25-годишниот ас на Реал е под дејство на црна магија.
Мбапе постигна 8 гола на 17 натпревари оваа сезона во Ла Лига и во Лигата на шампионите, што би било добар настап за повеќето фудбалери, но не и за Килијан, кој и самиот е незадоволен од својата форма.
Во емисијата на RMC, еден од гостите беше 54-годишниот Петит, кој истакна дека Мбапе е под црна магија.
“Навистина мислам дека на Мбапе му е направена црна магија. Можеби некој не верува во црна магија, но јас верувам. Велам дека е маѓепсан затоа што го познавам и затоа што верувам во црна магија”, рече Петит, а потоа кога го прашаа кој е виновен за тоа одговори:
Сите ми велат дека Погба му фрлил црна магија“, изјави светскиот шампион од 1998 година и европски шампион од 2000 година.
Ова не е прв пат Пол Погба да се поврзува со црна магија. Неговиот брат Матијас откри дека Пол му платил на лекар-вештер за да му направи црна магија на Мбапе во 2022 година пред Светското првенство.