Во Велес e пронајден мртов 43-годишен маж

Од:

Денеска во СВР Велес, од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ бил пронајден починат 43-годишниот А.А., информира попладнево од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска.

Таа појаснува дека лекар констатирал смрт, известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.

Од СВР Велес најавија дека по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција во Институт за Судска медицина Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

Во велешката болница донесено е починато 6-годишно дете од Градско

А1он

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Мртов маж е пронајден во двор од семејна куќа во Драчево

Горан Наумовски

Велешанец е пронајден мртов во семејниот дом

Штипјанец откако дозна дека почина татко му, кршеше стакла и инвентар во болницата