Шолц му вети на Зеленски продолжување на воената помош

Од:

Германскиот канцелар Олаф Шолц го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски за дополнителна германска воена помош во нивниот прв телефонски разговор откако германскиот канцелар неодамна разговараше со рускиот претседател Владимир Путин.

„Германскиот канцелар ја потврди непрекинатата и континуирана солидарност со Украина и гарантираше дека германската воена помош за Украина ќе продолжи, во координација со европските и меѓународните партнери“, изјави владиниот портпарол Штефен Хебестрајт.

Како што беше дополнително соопштено, Зеленски му се заблагодарил на Шолц за воената помош, особено во однос на противвоздушната одбрана.

Двајцата државници рекоа дека ќе продолжат со „конструктивна размена и со поглед на можните патишта за праведен мир во Украина“.

Ова е прв официјален разговор меѓу Шолц и Зеленски откако Шолц имаше телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин пред две недели.

Зеленски потоа го критикуваше разговорот со Путин на 15 ноември, велејќи дека тој ја отвори „Пандорината кутија“ што ги поткопа напорите да се изолира Путин и да се заврши војната во Украина со „праведен мир“.

Шолц го бранеше разговорот со Путин, нивната прва директна комуникација по речиси две години, објаснувајќи дека едночасовниот разговор со рускиот лидер е неопходен за да се потврди од прва рака дека Германија нема да се поколеба во помагањето на Украина.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески војници заробени за време на борбите во источна Украина

А1он

ВИДЕО: Украинската војска повторно е на руска територија

Катерина Ѓуровски

Зеленски: Русија убива деца со балистика, ѓубрињата во Москва сакаат да ја продолжат војната

Зеленски: Само со координирана акција со партнерите на Украина може да се запрат убиствата

Зеленски: Офанзивата беше успешна иако повеќето од нашите војници се повлекоа

Зеленски кажа кој е условот за крај на војната во Украина