Египетските спасувачи пронајдоа четири тела и пет преживеани за време на операцијата за пребарување во Црвеното Море, еден ден откако туристички брод со 44 патници потона.
Британски и полски туристи се меѓу исчезнатите, но египетските власти се уште не го соопштуваат нивниот идентитет.
Бродот „Sea Story“, кој превезувал 31 патник и 13 членови на екипажот, бил погоден од голем бран во близина на туристичката дестинација Марса Алам, поради што се превртел.
Бродот испратил сигнал за помош во 5.30 часот по локално време, а потонал за само пет до седум минути.
Преживеаните се пронајдени во областа јужно од Марс Алам, а бродот бил на петдневно нуркачко патување, кое требало да заврши во Хургада.
Египетската метеоролошка служба соопшти дека поради силниот ветер брановите биле високи од три до четири метри, а ветерот се движел со брзина меѓу 60 и 70 километри на час.
Меѓу патниците во бродот имало туристи од Белгија, Британија, Кина, Финска, Германија, Ирска, Полска, Словачка, Шпанија, Швајцарија и САД.
Марса Алам е популарна туристичка дестинација на јужниот брег на Црвеното Море, позната по местата за нуркање и коралните гребени.