(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

Од:

Авион „Сухој Суперџет“ 100-95ЛР на руската компанија Азимут се запали при слетување на аеродромот во Анталија.

Авионот летал од Сочи, а пожарот избил во моторот. Авионот по слетувањето застанал на пистата, по што започнала евакуацијата на патниците.

Итните служби на аеродромот реагираа брзо и го изгаснаа пожарот, додека сите 79 патници беа безбедно евакуирани.

По инцидентот, пистата на аеродромот во Анталија беше привремено затворена, што предизвика одложување на пристигнувањето на другите летови додека ситуацијата не се стави под контрола.

Во моментов се истражуваат причините за пожарот, а компанијата „Азимут“ и надлежните органи соработуваат со цел што подетално да се истражи инцидентот.

Би можело да ве интересира

Руските специјалци убија напаѓач кој пукаше од покривот на зграда во Мурманск

Русија тврди дека ноќеска уништила 66 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

АП: Русија подготвува нова офанзива

Бела куќа: Украинците одлучуваат кој ќе управува со Украина

Русија: Договорот за примирје во Црното Море сè уште не е финализиран

Туск: Европа размислува за зајакнување на санкциите против Русија