Борци на исламистичката група Боко Харам отвориле оган во студентски дом на колеџ во Нигерија при што убиле најмалку 50 студенти.
Нападот бил извршен врз колеџ за земјоделство во Гуџба. Терористите упаднале во зградата и почнале да ги убиваат еден по еден студентите, кои во тоа време спиеле.
Градот се наоѓа на 30 километри од главниот град на нигериската сојузна држава Јобе, Даматуру.
Сега колеџот е под контрола на полицијата.
Според полицијата бројот на жртвите може значително да се зголеми.