Град Скопје: Срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство за политички цели

Од:

Со жалење констатираме дека Македонија повторно станува заробена режимска држава во која граѓаните се злоупотребуваат како потрошен материјал на политичките партии за наметнување на нивните манипулации.

Пред да го организираат протестот пред градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Шуто Оризари Ерџан Демир кој ги предводи и кој воедно беше и кандидат за пратеник од истата партија, би требало да ги информира своите сограѓани дека во Шуто Оризари нема јавен превоз бидејќи советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на град Скопје одбива да им овозможи на приватните превозници да возат на нивните автобуски линии согласно барањата кои ги имаат доставено до Трајко Славевски пред неколку месеци.

Ерџан Демир претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ би требало да ги информира своите сограѓани дека токму неговата партија одбива да гласа за набавка на нови автобуси за граѓаните на градот Скопје, а со тоа и на граѓаните на општина Шуто Оризари.

Срамно е и лажењето на Курто Дудуш, кој своите сограѓани ги лаже и ги тера да протестираат на минусни температури за тој да и се допадне на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од каде се надева на поддршка за следен мандат.

Курто Дудуш би требало да ги информира своите сограѓани дека во Шуто Оризари надлежен за чистење на депониите е тој како градоначалник и општинските служби кои тој ги води. Треба да каже Курто Дудуш каде завршуваат парите кои на парагон блокче се наплаќаат од жителите на Шуто Оризари за собирање на отпад, кој потоа завршува на диви депонии формирана токму од службите на општина Шуто Оризари.

На крајот, срамно е да се злоупотребува најзагрозеното малцинство во Македонија за остварување на теснопартиски политички цели, реагираат од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брутална акција на француската полиција, апси секој што блокира, нападнати се и новинари

(ВИДЕО) Хаос во Франција: Започнаа големи протести, полицијата уапси над 200 учесници

Автобусите на ЈСП денеска возат по неделен возен ред

Горан Наумовски

ВИДЕО: Полицијата ги спречи демонстрантите да влезат во Филозофскиот факултет во Нови Сад

Предраг Петровиќ

Тешко повреден маж од Скопје, паднал во автобус на ЈСП

ВИДЕО: Илјадници граѓани излегоа на улиците на Србија против блокадите

Предраг Петровиќ