Сите љубители на танцот, филмот и глумата можат да бидат дел од хуманитарниот настан што вечер ќе се одржи во клуб-ресторанот МКЦ. Предвидена е промоција на документарен филм во продукција на GPTM Production, стенд-ап шоу со Бојан Велевски и настап на бендот Problem Solved.
Организатори на настанот се младите волонтери при општинската организација на Црвениот крст Центар по повод Неделата на промоција на хуманите вредности, која со одлука на Извршниот одбор на Црвениот крст на Македонија се реализира од 21 до 27 септември.
Влезот чини 30 денари, а собраните средства од овие хуманитарни шоуа низ целата држава ќе бидат искористени за помош на една целна група.