Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте

Од:

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, на платформата Х, во врска со рускиот напад со хиперсонична балистичка ракета врз Украина, напиша „добивте тоа што побаравте“.

„Значи, тоа е она што го баравте? Па, проклето добро сфативте! Напад со хиперсонична балистичка ракета“, напиша Медведев.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа изјави дека Русија, како одговор на нападите на американските и британските ракети со долг дострел, истрела нова балистичка ракета со среден дострел наречена „Орешник“ на украинска територија.

„Како одговор на употребата на американско и британско оружје, руските вооружени сили извршија комбиниран напад врз еден од објектите на воено-индустрискиот комплекс на Украина“, рече Путин.

Тој објасни дека ова е тестирање на најновиот руски ракетен систем со среден дострел, во овој случај хиперсонична балистичка ракета без нуклеарно оружје, која руските ракетни научници ја нарекоа „Орешник“.

Би можело да ве интересира

Захарова: Западот бара излез од економската криза преку агресија и војни

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Русија го нападна Трамп: Ги крши меѓународните трговски правила

Русија: Подготвени сме за сериозни преговори

А1он

(ВИДЕО) Маск објави видео: „Русија и САД се поблиску отколку што многумина мислат“

Русија забележа рекордно време за чекање во јавниот превоз