Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Од:

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден денеска изјави дека издавањето налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, издадено од Меѓународниот кривичен суд (МКС) е срамота, соопшти Белата куќа.

– Издавањето налог за апсење на МКС за израелските лидери е срамота. Дозволете ми да бидам јасен уште еднаш: што и да имплицира МКС, не постои еквивалентност меѓу Израел и Хамас. Ние секогаш ќе стоиме со Израел против заканите по неговата безбедност, рече Бајден.

МКС вчера објави дека издал налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поранешниот министер за одбрана Јоав Галант и убиениот лидер на Хамас Мохамед Деиф под обвинение за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Би можело да ве интересира

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан

Израел и Хезболах продолжуваат да се борат и покрај преговорите

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху