Го претепа кучето со метална шипка по глава само затоа што извршило нужда пред капијата

Од:

Љубе К., 61-годишен скопјанец од Ново Село, кој работи на едно од складиштата во Момин Поток, е човекот кој со десетици удари по глава го претепа кучето Феликс завчера утрината, а потоа животното кое беше во коматозна состојба, со сајла го влечеше по бетонот. А1он прв ја објави морничавата снимка од безбедносната камера на која се гледаат и други луѓе кои сведочат на настанот, но не преземаат ништо.

Ова, 61-годишниот човек, според извори на А1он, го направил затоа што бездомното куче извршило нужда пред капијата, а кога тоа почнало да бега, тој зел метална шипка и почнал да го брка, додека кучето не паѓа, а тој почнува да го мава по главата.

Оваа грозоморна случка наиде на бројни реакции на социјалните мрежи, многу осуди но и многу апели за да се помогне на кучето и случајот да се истера докрај.

Од МВР единствено информираа дека со Љубе К. Е извршен службен разговор и дека ќе следува соодветна пријава.

„Полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.К.(61) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од граѓанин на 19.11.2024 во 09 часот дека во Момин Поток-индустриска зона Љ.К. со тврд предмет нападнал куче и му нанел повреди. Со Љ.К. е извршен службен разговор и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по чл. 233 од КЗ на РСМ“, изјавија од полицијата.

Според членот 233 од Кривичниот законик „тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

Според досегашното искуство, затворска казна за ова дело кај нас досега не е изречена.

Бездомното куче Феликс, по пружената ветеринарна помош, во моментов се наоѓа во ЈП „Лајка“. Оттаму, за А1он велат дека покажува значително подобрување во однос на неговата здравствена состојба, но дека не може со сигурност да се каже дека тоа е надвор од животна опасност.

„Феликс покажува некои невролошки проблеми во однос на движење и извршување на физиолошки потреби, но се надеваме дека со интензивната нега и терапија ќе го надминеме и тоа. Сакаме да изразиме огромна благодарност до јавноста за поддршката, навистина интересот е преголем и во секој момент ни се јавуваат и ни пишуваат граѓани за да помогнат на секаков можен начин. Се надеваме дека ова ќе биде поттик за МВР и Јавното обвинителство да покажат дека секој кој што ќе се изживува врз животни нема да помине неказнето“, велат од ЈП Лајка.

Би можело да ве интересира

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Струмичанец им се заканувал на полицајци, а потоа искршил заштитно стакло

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

Кучето кое вчера беше претепано во Скопје е во тешка состојба

Горан Наумовски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Насилник со стап по глава безмилосно тепаше куче во Скопје, полицијата го приведе

Предраг Петровиќ

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски