Крунисувањето на кралот Чарлс чинеше 86 милиони еврa

Од:

Крунисувањето на британскиот крал Чарлс Трети и кралицата Камила минатата година чинеше 72 милиони фунти (86 милиони евра), соопшти денеска британската влада.

Во својот годишен извештај, британскиот Оддел за култура (DCMS), кој беше одговорен за организирање на крунисувањето, прецизираше дека самата церемонија чинела 50,3 милиони фунти (60 милиони евра), а 21,7 милиони фунти (26 милиони евра) се издвоени за безбедносни трошоци, објави Ројтерс.

DCMS посочува дека крунисувањето беше можност да се соедини целата земја и да се зајакне националниот идентитет, како и да се претставува Велика Британија во светот.

Би можело да ве интересира

Британскиот крал Чарлс ја пофали решителноста и силата на Украинците

Голема промена во Бакингемската палата

Кралот Чарлс ја напушти болницата откако беше опериран

Горан Наумовски

Британскиот крал е во болница

(ВИДЕО) Кралот и кралицата излегоа двапати на балконот, Хари го напушти Лондон

Горан Наумовски

Kралот пристигна во Вестминстерската опатија

Горан Наумовски