Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Од:

Шведската полиција, која ја истражува можната саботажа на два кабли со оптички влакна во Балтичкото Море, денеска соопшти дека во областа каде што се случиле инцидентите се наоѓал кинески брод.

Бродот „Ли Пенг 3“ помина во неделата и понеделникот во близина на двата кабли за кои се верува дека се отсечени во сомнителниот злонамерен напад.

Бродот Кинсеки бил набљудуван од брод на данската морнарица додека бил во водите меѓу таа земја и Шведска, објави Гардијан.

Данската одбрана објави дека била присутна во близина на кинескиот брод.

Специјализирани шведски тимови за пребарување под вода денеска беа на местото на финско-германскиот кабел, еден од двата оштетени подводни оптички кабли, за да соберат докази за истражителите.

Би можело да ве интересира

На средбата со Бајден, Си оцени: Односите меѓу САД и Кина останаа стабилни

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина: Студент со нож убил најмалку осум лица

Горан Наумовски

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Со автомобил влетал во толпа луѓе: 35 загинале, 43 се повредени

Суперсилите ги здружија силите: Кина и Русија договорија заедничко делување за стратешки прашања

(ВИДЕО) Во Кина автомобил влета во толпа пред стадион, има повредени