Законот за данок за солидарност на дневен ред на Уставниот суд

Од:

Уставниот суд на Северна Македонија денеска ќе ја одржи 30-та седница, на чиј дневен ред се девет иницијативи за оценување на уставноста и законитоста на различни закони, како и два предмета за конечна одлука. Една од главните точки на дневниот ред е разгледувањето на Законот за данок за солидарност.

Разгледувањето на Законот за данок за солидарност е со фокус на делот „или 2021 година“ од член 6 став 14. Подносителите сметаат дека Законот е спротивен на членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот.

Подносителите на иницијативите, меѓу кои се Финмак ДОО, Стопанската комора на Северна Македонија и други компании, тврдат дека законот е спротивен на Уставот и дека неговата ретроактивна примена ги нарушува правната сигурност и деловната политика на компаниите.

Според иницијативите, законот стапил во сила на 25 септември 2023 година, без соодветен период за прилагодување, што ги довело компаниите во неповолна положба.

Подносителите истакнуваат дека законот ја нарушува правичноста, еднаквоста и пропорционалноста, и дека е дискриминирачки за компаниите основани во 2021 година.

Би можело да ве интересира

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата

Уставен суд: Не е релевантно какви имиња носат улиците, училиштата или другите објекти, важно е дали одлуките се донесени во законска постапка

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски