Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина ја погодила Русија со ракетите ATACMS испорачани од САД, јавуваат руските државни медиуми.
РИА Новости пренесува дека украинските сили синоќа лансирале шест ракети АТАКМС врз цел во регионот Брјанск. Се наведува дека системите за противвоздушна одбрана собориле пет проектили и го оштетиле шестиот, при што неговите делови паднале на територијата на воениот објект и предизвикале пожар.
Новинската агенција го цитираше Министерството дека проектилите не предизвикале жртви или штета.