На неколку научни институти им се заканува затворање

Од:

Министерството за образование и наука досега има направено ревизија на 15 институти, а во моментов се прави ревизија на уште пет, информира денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска при посетата на Гимназијата „Славчо Стојменски“ во Штип.

-Има дополнително два, за кои деновиве треба да заврши процедурата, и да бидат затворени. На десетина институти им дадовме рок од три месеци да ги поправат нерегуларностите, коишто се најдени. Но, според извештаите кои ги читав многу малку од нив ќе можат да го направат тоа. За жал морам да кажам дека веројатно следи затварање и на поголем број на институти, кои се нефукционални, не го почитуваат законот, односно не ги исполнуваат условите, изјави Јаневска.

Таа мисли дека е добро за високото образование и науката во земјава конечно да се воведе ред, а секој, како што вели Јаневска, којшто исполнува услови ќе функционира „како што и многу пати сум рекла, секој кој не работи по Закон нема и да функционира“.

Би можело да ве интересира

Јаневска: Има неколку сериозни наследени проблеми во врска со Студентскиот дом во Тетово

Од 2026 година нова методологија за финансирање на основното и средното образование

Едносменска настава има во 150 училишта, во 25 треба доградба на училници

Јаневска: Законот за верските училишта е уставен и со него не се нарушува секуларноста на државата

Електронски свидетелства од наредната учебна година

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска