Руската ФСБ објави видео од експлозијата на автомобил во која загина командантот на руската Црноморска флота Валери Транковски во Украина минатата недела. На видеото се гледа моментот на експлозијата на автомобилот што го управувал Транковски.
Според медиумите од Украина, за „тероризам“ се приведени две лица, 38-годишна жена и 47-годишен маж, а според руските медиуми, 38-годишната жена го надгледувала Транковски, додека 47-годишниот маж е обвинет дека поставил експлозив во автомобилот.
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО
💥☠️ The moment the car of the captain of the 1st rank of Black Sea Fleet was blown up a few days ago. pic.twitter.com/KIJE7RLhvf
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) November 19, 2024
Експлозијата на автомобилот во која животот го загуби командантот на руската Црноморска флота се случи на 13 ноември во Севастопол, град во окупираниот Крим, а украинската новинска агенција РБЦ-Украина објави дека експлозијата е резултат на успешна операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ).
Валери Транковски и претходно беше обвинет од Украинците за воени злосторства, откако руската Црноморска флота изврши серија ракетни напади врз цивилни цели во Украина, кои според Украинците ги наредил Транковски. Егзекуциите на руски функционери обвинети за воени злосторства во последно време зачестија, а ова е трета егзекуција на висок руски функционер за еден месец.