(ВИДЕО) Опозицијата го блокираше судот во Нови Сад: кошкање и туркање со полицијата

Од:

Утрово, околу 8 часот, опозициските републички и покраински претставници заедно со градските претставници на опозицијата почнаа блокада на зградата на судот во Нови Сад.

Во текот на утрото имаше инциденти и туркање со полицијата.

Пред судот во Нови Сад е и лидерката на српската опозиција Мариника Тепиќ.

Таа за N1 Србија изјави дека полицијата ги турка со штитови, а и ги шутира одоздола.

„Ќе останеме овде цело време и ќе бараме судот да одлучи по жалбите за притворот на уапсените, меѓу кои и Горан Јешиќ, Миша Бачулов и Реља Станојевиќ“, рече Тепиќ.

„За тоа време немаме ниту едно правно или физичко лице за кое е утврдено дека е одговорно за убиените во нашиот град“, додаде Тепиќ.

Таа посочи дека судот и обвинителството се таму да одлучуваат во името на народот, а не во името на партијата.

Протестите во Нови Сад се одржуваат откако 15 луже ги загубија животот во падот на дел од настрешницата на Железничката станица. Опозицијата и граѓаните кои и во претходниот период излегуваа на протести бараат одговорност.

Би можело да ве интересира

Брнабиќ за трагедијата во Нови Сад: Никој не купува време, сериозна истрага не може да се спроведе за 15 дена

Горан Наумовски

Почина една од повредените во несреќата на железничката станица во Нови Сад

Инцидент на блокадата во Нови Сад: Беа кренати знамињата на ЕУ, па започна турканица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Плафон падна врз гости во дискотека во Србија, има повредени

Грозоморно убиство во Нови Сад: Со моторна пила и ја исекол главата на мајка си

Горан Наумовски

Обезглавено тело на жена е пронајдено во семеен дом во Нови Сад

Горан Наумовски