Синот на Трамп за одлуката на Бајден: Проклети, имбецили, сакаат Трета светска војна

Од:

Луѓе блиски до новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја коментираа и одлуката на Бајден да и дозволи на Украина користење американски ракети на руска територија. Илон Маск, кој во мандатот на Трамп ќе го води Одделот за ефикасност на американската администрација, се вклучи во дискусијата на социјалната мрежа X. На статусите во кои се наведува дека „либералите сакаат војна“ Маск напиша „вистина“.

Одлуката на администрацијата на Бајден ја коментираше и синот на Доналд Трамп, кој остро го критикуваше овој потег. „Се чини дека воено-индустрискиот комплекс сака да се погрижи да започне Третата светска војна пред татко ми да добие шанса да постигне мир и да спасува животи. Тие треба да заштитат трилиони долари. Проклет да си, имбецили“, рече Доналд Трамп Јуниор.

Би можело да ве интересира

Фараж со апел до Трамп: Путин не смее да победи

Путин: Трамп е сериозен во врска со Гренланд

Макрон го отфрли клучното руско барање за прекин на огнот во Црното Море

„Русија не планира да ги напушти окупираните територии во Украина“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Зеленски: Путин наскоро ќе умре и се ќе биде готово

Катерина Ѓуровски

Трамп воведе тарифи, паднаа акциите на автомобилските компании: Се огласија Канада, Јапонија и ЕУ

Катерина Ѓуровски