Сијарто: Неопходно е да се интензивираат напорите за постигнување мир во Украина

Од:

Треба да се засилат напорите за постигнување мир, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто по ракетните напади врз регионот Закарпатија, на западот на Украина.

Сијарто на својот Фејсбук профил напиша дека гувернерот на регионот Закарпатија рекол дека ракетните напади не предизвикале жртви, пренесе МТИ.

„Настаните од рано утринава покажуваат дека треба да се интензивираат мировните напори, бидејќи секој ден носи се повеќе и повеќе уништувања, секој ден носи ризик од ескалација на војната“, посочи тој.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година